255
Доцна синоќа земјотрес ги вознемирил жителите на Тетово и Гостивар. Земјотрес бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија.
Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Нема информации за предизвикана материјална штета.
Сеизмолозите од Албанија порачуваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.