Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати, велат од партијата на власт

од Nikola Popovski
148 прегледи

Го продолжуваме растот на платите и во 2024 година, велат од СДСМ. Најавуваат дека од месец март следува ново покачување на минималната плата, кое ќе биде 22.500 денари.

-Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година, велат од партијата на власт.

Наведуваат дека вовеле законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.