Српската пејачка, Јелена Карлеуша се одлучи за нов предизвик – актерство. Според информациите од српските медиуми, Карлеуша за прв пат ќе се проба во актерството во 2024 година, а деталите за нејзиниот ангажман и улога во домашна серија се држат во тајност.
Според добро упатен извор, Јелена Карлеуша добила епизодна улога во домашна хит серија. Иако сè уште не се познати деталите, снимањето се очекува да започне на пролет, а серијата се очекува да се емитува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
На социјалните мрежи се појави информација дека серијата е поврзана со познатиот српски актер Лазар Ристовски, а Карлеуша неодамна го „тагна“ актерот на својот Инстаграм, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивната соработка.
Иако контактирале со соработниците на Ристовски и Карлеуша, српските медиуми се уште не добиле потврда за оваа информација.