Апсење кај Врање: Авганистанец шверцувал мигранти преку Македонија

од Nikola Popovski
234 прегледи

Српската полиција го привела А.А. (30) од Авганистан кој во Србија внел група од 11 мигранти преку Македонија.

Припадници на СВР Прешево во соработка со Регионалниот граничен полициски центар кон Македонија го привеле А.А.(30), државјанин на Авганистан, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело илегално преминување на државната граница и шверц на луѓе.

Патролата на граничната полиција на подрачјето на Прешево спречила група од 11 мигранти, меѓу кои бил и А.А., кој е осомничен дека организирал нивно криумчарење, со паричен надомест, соопштила Полициската управа Врање.

По наредба на дежурен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава е спроведен во обвинителството.

Судија при Вишиот суд во Врање по рочиштето му одредил мерка притвор до 30 дена.

Слични содржини