Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска порача дека влогот на изборите во 2024 година „не може да биде поголем“, додавајќи дека светот „е на работ на третата светска војна“.
– Влогот на овие избори не може да биде поголем. Под корумпираниот Џо Бајден, нашите граници се избришани. Милиони илегални странци се слеваат од целиот свет. Нашата средна класа е уништена од инфлацијата на Бајден. Насилните криминалци дивеат во градовите управувани од демократите, додека агенциите за спроведување на законот се вооружени против христијаните, конзервативците и верниците, напишал Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.
Тој додал дека во исто време војна се води во Украина и на Блискиот Исток, додека Кина му се заканува на Тајван, а Иран е на неколку сантиметри од нуклеарна бомба, пренесува „Nezavisne“.
Тој навел дека е единствениот кандидат на изборите кој е „на висина на задачата да ја спаси Америка од сите катастрофи на Бајден, почнувајќи од првиот ден“.