Мехмеди не ги исполнувал условите, Хекуран Асани нов предлог на Владата за директор на М-НАВ

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М – НАВ.

Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за функцијата.

Со претходната одлука Владата му даде насоки на надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски.

На местото на Стаменковски, според насоките од Владата, ќе биде именуван Милан Кораќ.

Слични содржини