По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика. Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени, велат од партијата.
-Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо, нагласуваат од партијата во опозиција.
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека проблемите во М-НАВ се поради тоа што институцијата е станата како семејна фирма, поради вработувања, како што рече тој, до трето колено.
-За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Треба да се испитаат начините на кои се прават конкурсите. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, истакна вчера премиерот.