Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија по 14 јануари, објавија медиумите во четвртокот, пренесува Анадолија.
„Владата ќе ги затвори сите осум контролни пунктови долж источната граница со Русија најмалку до 11 февруари“, изјави министерката за внатрешни работи Мари Рантанен на прес-конференција, јави YLE.
Рантанен додаде дека ништо не се променило на границата откако таа беше затворена во декември.
„Националната безбедност е клучно прашање за Финска“, рече таа.
Истакна дека нејзиното министерство во моментов истражува алтернативни средства за трајно решавање на ситуацијата на границата.
Премиерот Петери Орпо во вторникот изјавил за YLE дека проценката на заканата, која доведе до затворање на границата во декември, останала непроменета.
Во декември, Финска објави целосно затворање на границата со Русија, тврдејќи дека руските власти продолжуваат со „хибридната операција“ против земјата.