САД одобрија продажба на 246 ракети „Џавелин“ на Косово за 75 милиони долари

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на 246 проектили „Џавелин“ на Косово за проценета вредност од 75 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.

Како што наведе, главни изведувачи ќе бидат Javelin Joint Venture, која ја сочинуваат Lockheed Martin и Raytheon Missiles and Defense, пренесе Ројтерс.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави претходно денеска дека Србија ќе продолжи да се однесува одговорно и да придонесува за стабилноста на Балканот, како и да работи на зачувување на српско-американските односи, и покрај фактот што САД одлучија да го прифатат барањето на Приштина за купување анти -тенковски проектили „Џавелин“.

Слични содржини