240
Велика Британија се обидува да го претвори Црвеното Море во „море од крв“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Говорејќи денеска, Ердоган рече дека британските напади врз Хутите во Јемен биле непропорционални.
„Ројтерс“ пренесува дека турскиот претседател рекол дека Хутите во Јемен подготвуваат „успешна одбрана и одговор против САД“.
„Турција доставува документи за сослушувањата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд и ќе продолжи да го прави тоа“, додаде тој.