148
Чешкиот претседател Петр Павел, поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, ги поддржа воздушните напади на САД и Велика Британија врз воени цели на Хутите во Јемен.
Павел на платформата Х напиша дека повеќе не можат да се толерираат „провокативните и опасни“ напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море.
„Воената акција на нашите сојузници е неопходен чекор за да се спречат растечките тензии во регионот и да се врати безбедната меѓународна трговија“, рече Павел.
Павел беше претседател на Воениот комитет на НАТО од 2015 до 2018 година, а од 2012 до 2015 година беше началник на Генералштабот на чешките вооружени сили.