„Ние сме први иницијатори да се формира Европскиот фронт кој што го донесовме како одлука и ги повикавме сите политички партии кој што сакаат да застанат зад него. Европскиот фронт е единство за една европска предвидлива иднина. Нема поголем предизвик да си ја зачуваме државата и само на тој начин ќе можеме да се исправиме и да одиме кон европскиот пат. Тоа е и суштината која што ја покажуваме како политичка партија заедно со коалицијата дека враќање назад ќе биде погубно за државата. Не смееме да дозволиме личните амбиции и личните хирови да бидат исправени во преден план,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи и Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.
Таа уште еднаш потсети на демнтите од политичката партија СДСМ дека не постои било каков ултиматум од претходниот кон сегашниот претседател на СДСМ за напуштање на позицијата претседател на СДСМ.
„Кај нас во СДСМ можеби има различни ставови за важни државнички прашања но тоа не значи дека има не единство,“ рече Лукаревска.
Таа посочи дека СДСМ е во постојана комуникација со ВМРО –ДПМНЕ, се разговарало за изборниот законик, за член на ДИК треба да зе разговара во рамки на Парламентот и процесот да продолжи комисиски.за да има транспарентност и отченост на целиот процес.
Во врска со претсојните избори Лукаревска посочи дека процедурата за предлагање и самокандидирање за кандидат за претседедател на државата е започната, по општинските и месните одбори. По што ќе се видат и имињата и квалитетитите на истите и на крај ќе биде избран победничкиот кандидат.