Голдман Сакс со зголемен профит за 51 отсто во однос на претходната година

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Инвестициската банка Голдман Сакс (ГС) денеска објави дека во последниот квартал остварила профит кој е зголемен за околу 51 отсто во однос на истиот период претходната година, односно нешто повеќе од 10 милијарди долари, што далеку ги надмина очекувањата на Волстрит.

Како што пренесува CNN, заработката на Голдман по акција била околу пет долари, додека експертите предвидувале заработка од околу три долари по акција.

Најголем дел од добивката на Голдман Сакс не дојде од инвестициско банкарство и тргување, кои паднаа за околу 12 отсто кога станува збор за инвестициската политика и за околу 2,5 отсто кога станува збор за тргување, туку најголем дел дојде од услугите за управување со имотот и богатството на клиентите, што е тесно поврзано со состојбата на берзата.

Слични содржини