📽 Голема експлозија и пожар во руска фабрика, црн чад го покри небото

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Најмалку две лица се повредени во експлозија и пожар кој избувнал во фабрика за полимери во рускиот град Шакти во Ростовската област, јавија руските медиуми.

Како што објави на Телеграм Екатерина Стењакина, пратеничка на руската Дума од Ростовската област, експлозијата се случила во фабриката за полимери Avangard.

„Се уште ги утврдуваме сите детали. Станбените згради не беа погодени, но фабриката беше оштетена. Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат“, навела Стењакина.

Таа додаде дека нема загинати, но две лица се пренесени во болница. Работниците во фабриката се евакуирани.

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот избувнал во фабрика во населбата Гидропривод во градот Шакти. Фабриката Avangard, инаку, произведува полимерни полнења за душеци и перници.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Слични содржини