Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави видео на руски јазик во кое се обидува да ги убеди вработените во руската разузнавачка служба да ја сменат страната и да работат како двојни агенти за САД.
Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во јули 2023 година изјави дека незадоволството кај некои Руси поради војната во Украина создало ретка можност за регрутирање шпиони која ЦИА не сакала да ја пропушти, пренесува „Ројтерс“.
Почему я связался с ЦРУ: Ради Родиныhttps://t.co/mhQbzet5X2 pic.twitter.com/sBNWgc93PM
— CIA (@CIA) January 22, 2024
Видеото, објавено на официјалниот канал на ЦИА на платформата Х, ги повикува патриотски настроените Руси да работат во разузнавачката заедница каде што „не можат да се чувствуваат предадени од корупцијата во елитните кругови и запоставени во сиромашните руски вооружени сили“.
„Оние околу вас можеби не сакаат да ја слушнат вистината. Но ние сакаме. Вие не сте немоќни“, се вели во најновото видео во кое се повикуваат Русите детално да го проучат начинот како да воспостават контакт со ЦИА.