📽 Во Монголија експлодирала цистерна во која имало 60 тони гас, меѓу жртвите и пожарникари

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Најмалку шест лица загинаа, вклучително и тројца пожарникари, откако цистерна со 60 тони течен природен гас експлодирала во главниот град на Монголија, Улан Батор, соопштија службите за вонредни состојби.

Најмалку 11 лица се повредени во експлозијата и пожарот во близина на пазарот Дуњингарав, објави монголската агенција за управување со вонредни состојби во објава на Фејсбук.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 600 пожарникари и 100 возила.

„За жал, во несреќата загинаа тројца службеници на 63-та противпожарна-спасувачка единица на Националната противпожарна служба, додека ги извршувале своите работни задачи“, се наведува во соопштението на Управата.

Според локалните медиуми, пожарот брзо зафатил неколку околни згради, вклучително и една станбена зграда.

Слични содржини