Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат денеска усвои предлог-закон со кој се отвора можност за конфискација на руските имоти во Америка и предавање на тие пари на Украина за финансирање на реконструкцијата од уништувањето на војната.
На гласањето на сенатската комисија, 20 членови гласаа „за“ и еден против, а доколку овој предлог-закон биде усвоен и од Претставничкиот дом и од Сенатот, а биде потпишан од американскиот претседател, ќе се отвори патот за конфискација на Руски средства во САД, пренесе Ројтерс.
Сенаторот Бен Кардин, претседател на комисијата за надворешни работи од редовите на Демократската партија, изрази оптимизам дека овој предлог ќе стане закон и додаде дека и демократите и републиканците „нашироко го поддржуваат“.