584
Припадници на Министерството за внатрешни работи утринава вршат серија претреси и апсат членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства.
Според информациите, претреси се прават и во Дуќанџик, Чаир и други локации. Веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е се уште во тек.
Се очекуваат повеќе детали од полицијата во текот на денот.