Притвор за петмина од групата од Грчец, десетмина се во бегство

од Nikola Popovski
438 прегледи

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои:

Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С.,  и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

Воедно судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Групата се занимавала со шверц на дрога и извршувала убиства. Спасовки рече дека групата транспортирала 435 килограми кокаин од Бразил до белгиското пристаниште Антверпен, како и 106 килограми кокаин од Перу до холандското пристаниште Ротердам. Групата шверцувала дрога од Белгија во Македонија и од Албанија во Македонија.

Осомничените од криминалната група ја користеле апликацијата за енкриптирана комуникација „Скај“, која што беше исклучена во 2021 година на барање на американските власти, а веб сајтот беше запленет од ФБИ.

Слични содржини