Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера по Академијата Св. Сава во Скопје порача дека Србите и Македонците треба да градат што е можно поблиски односи.
„Мислам дека најважно е ние и Македонците да градиме што е можно поблиски односи, да немаме поблиски. Ништо не бараме, ги сакаме нашите браќа и сестри Македонци и верувам дека овој договор, кој стапува на сила на 1 март, за заедничките работни дозволи и единствениот пазар на труд ќе придонесе за уште поблиска соработка“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој посочи дека за Експо ќе бидат потребни и македонски компании.
„Заедно, да работиме и да заработуваме и да ги градиме Србија и Северна Македонија, а што се однесува до зачувувањето на нашиот јазик и писмо, мислам дека се што правиме дава резултати. Го видовте ентузијазмот на нашиот народ вечерва. На сите им го честитам празникот Свети Сава, најголем на сите Срби“, рече Вучиќ.