Додека некои луѓе уживаат во спонтаност и неочекувани ситуации, има и такви кои претпочитаат стабилност и предвидливост. Во продолжение дознаваме во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не сакаат изненадувања и претпочитаат кога сè оди по однапред утврден план:
Бик
Бикот го цени редот и доследноста во својот живот. Промените и изненадувањата можат да ги вознемират бидејќи претпочитаат работи кои се познати и предвидливи. Биковите се исто така многу практични и често се потпираат на докажани методи и рутини за да ги постигнат своите цели.
Девица
Девиците се мајстори за планирање и организација, поради што често имаат прецизно дефинирани цели и методи за нивно остварување. Неочекуваните ситуации или планови кои наеднаш се менуваат може да ги збунат и да предизвикаат стрес, бидејќи Девиците сакаат да ги контролираат сите аспекти од нивниот живот.
Јарец
Јарците ја ценат структурата и редот, а промените во планот можат да ги исфрлат од рамнотежа. Јарците често се потпираат на детално планирање и напорна работа за да ги постигнат своите амбиции и претпочитаат предвидливо опкружување каде што можат да постигнат постојан напредок.
Скорпија
Скорпиите исто така сакаат да ја контролираат својата околина и настаните во својот живот. Неочекуваните промени и изненадувања можат да им изгледаат сомнителни. Скорпиите често се многу фокусирани на своите цели и претпочитаат јасно дефинирани планови кои им овозможуваат да одржат чувство на контрола и моќ.