📸Февруари на прагот, Скопје се уште новогодишно украсено

од Nikola Popovski
386 прегледи

Иако веќе завршија празниците и на прагот сме на месец февруари, градот Скопје и плоштадот „Македонија“ се уште го чувствуваат новогодишното расположение. Украсите и елките и понатаму стојат на плоштадот, исто како и дрвените колиби кои беа дел од новогодишната програма што ја подготви Градот.

Засега не е познато кога ќе почнат тимовите од градот да раскитуваат.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска претходно беше критикувана дека се доцни со украсувањето на градот. Таа најави дека оваа година уште од 15-ти септември ќе украсува. Како што истакна, „како ќе се вратат граѓаните од одморите, ќе почнеме да китиме и ќе видиме дали тогаш ќе биде прерано, но нема да биде предоцна“.

Арсовска пред крајот на годинава информира дека Финансиската полиција влезе во Градот и ја собира документацијата за новогодишното украсување на Скопје од 30 илјади евра.

-Не влегува за 300 илјади евра, туку влегува за 30 илјади евра. Немам сомнеж во институциите, туку во корумпираните политичари, додаде градоначалничката.

Фото: Локално

Слични содржини