МЗ: Нов директор на Клиниката за инфективни болести, продолжени мандатите на првите луѓе на ГАК и Клиниката за психијатрија

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спроведени се конкурси во три јавно-здравствени установи, за избор на четири директорски места.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, по спроведениот конкурс за нов медицински директор, избран е доктор Фадил Цана, согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, по спроведените конкурси, мандат добија доктор Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија, за медицински директор е назначен професор доктор Стојан Бајрактаров“, соопштуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.

Слични содржини