261
Вкупно седум случаи на голема кашлица се евидентирани во државата. Во моментот, активни се три случаи, останатите се сметаат за незаразени. Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА навел дека од активните случаи две се деца и еден возрасен пациент кој е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда и ќе ја разгледа состојбата со грипот и големата кашлица.
Надлежните апелираат на вакцинација како најбезбедна заштита.