Дани Алвеш сигурно не е првиот фудбалер кој завршил зад решетки, но ретко кој имал таква јавна историја да има проблеми со законот.
Ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година, 23-годишна жена се пожалила дека бразилскиот репрезентативец сексуално ја злоставувал. Кога повикот бил повлечен, полицајката ненамерно го вклучила рекордерот, открива „Ел Периодико“. Всушност, тоа ќе биде и првото снимено сведоштво на несреќната девојка.
Алвеш не е виден во јавноста цели 13 месеци, а денеска беа објавени неговите први фотографии по почетокот на судењето. Според шпанските медиуми, за наводниот сексуален напад му се заканува 12 години затвор.
📸 Primeras imágenes de Dani Alves en su juicio por agresión sexual tras un año de prisión preventiva pic.twitter.com/FoK9B9oiZa
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) February 5, 2024
Судењето почна утрово во 10 часот во судницата во Барселона. Првите рочишта со 28 сведоци ќе се одржат денеска и утре, а првите заклучоци ќе бидат донесени утре.
На судењето се присутни дури 270 новинари, кои сето тоа го следат во живо од соседната соба, објавени се бројни фотографии од Бразилецот, први по 13 месеци.
Она што никако не му оди на поранешниот фудбалер на Барселона е тоа што редовно ја менуваше својата верзија за настанот. Најпрво негирал дека ја познава девојката, па дошол до заклучок дека имал сексуална врска. ДНК тестовите го натераа целосно да признае.
Пред судот во Барселона се собра и целото семејство на Алвеш. Бразилецот со комбе беше префрлен од затворот во кој се наоѓа од јануари.
Во судот денеска ќе сведочат и жртвата, нејзин роднина, пријатели, вратарот на ноќниот клуб и двајца келнери. Гласот на жртвата ќе биде изменет за да се спречи идентификација.