226
Принцот Хари разговарал со својот татко, кралот Чарлс Трети, откако на британскиот монарх му бил дијагностициран рак.
Како што објави Би-Би-Си, Хари, кој живее во САД, во наредните денови ќе отпатува за Велика Британија, каде ќе го посети Чарлс.
Бакингемската палата претходно денеска соопшти дека на Чарлс му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради проблеми со простата, но не наведе за каков вид на рак се работи.
Се додава дека британскиот крал ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.