Сè уште се активни пожарите на Шар Планина и на Жеден

од Nikola Popovski
204 прегледи

Од синоќа активен е пожарот на планината Жеден, во близина на селото Радуша. На терен се пожарникарите и вработените на ЈП Караџица. Утрово сè уште се активни пожарите на Шар Планина и на Жеден. Центарот за управување со кризи проценува дали во текот на денот ќе биде потребна интервенција на хеликоптери за гаснење.

Пожарот кај село Вешала, на Шар Планина, е активен од синоќа. Гори ниска вегетација, а вработените во Националниот парк по синоќешната интервенција, чекаат да се интервенира ако има потреба.

Вчера во Скопје гореа депонии кај Ново Село, на улицата „Малешевска“ бр. 1, се гаснеше запалено ѓубре и сува трева кај село Сушица.

Во Прилеп пожарникарите интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на фабрика „Микросам“, а се гаснеше запалена ниска вегетација и на улицата „Орде Чопела“ бб.

Вчера запалени стрништа имаше и во Охрид, кај село Лешани, а се гаснеше и запалена трска на улицата „Радојца Новичиќ“.

Во Велес 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Стањевци.

Стрништа гореа и во Кочани во близина на фабриките Екстра фунги, Слога и Риал Агро во село Чешиново, а интервенција имаше и на запалена ниска вегетација во атарот на село Грдовци.

Помали пожари имаше и во Делчево, Куманово и Тетово, соопшти Центарот за управување со кризи.

Слични содржини