201
Шест лица, меѓу кои тројца полицајци, се ранети денеска при пукање пред зградата на судот во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека двајца напаѓачи се убиени.
Јерликаја навел дека е направен обид за напад на контролниот пункт пред капијата на судот Чаглајан во Истанбул и дека двајца напаѓачи, една жена и еден маж, се убиени, пренесува „Хабер Турк“.
Според него, било утврдено дека напаѓачите биле членови на екстремно левичарската Револуционерна народноослободителна партија/фронт (DHKP/C), која Турција ја класифицира како терористичка организација.
Министерот за правда Јилмаз Тунч го осуди вооружениот напад и изјави дека обвинителите започнале истрага за нападот.