СДСМ се на страната на работниците и на Синдикатот, велат од „Бихаќка“ откако вчера беше соопштено дека платите на вработените во ФЗОМ нема да се менуваат до крајот на мај.
-Владата го разгледа барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓанија (УПОЗ) и донесена е нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година, појаснуваат од СДСМ и додаваат:
„Ова значи обезбедување на висината на платите на вработените на ФЗО. Одлука го опфаќа периодот до трајното решение кое секако ќе биде во корист на сите вработени“.
Одлучено е да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО и е донесена нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати.
Владата донесе и решение за формирање Комисија за следење на примената и толкување на одредбите на општиот колективен договор за јавниот сектор. Со решението, формирана е комисијата, со претставници на владата и на сојузот на синдикатите на Македонија.
Комисијата ќе разгледува прашања покренати од работници, што се однесуваат на нивните работнички права, согласно со општиот колективен договор. Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата.