Пет причини зошто треба да јадете што повеќе мандарини во зима

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Мандарината е кисело-сладок цитрус од Југоисточна Азија кој се одгледува на нашите простори од 19 век.

Ова овошје е богато со витамин Ц, го штити нашиот имунитет во студената сезона и ни помага да ја одржиме витката линија. Покрај тоа, мандарините се многу вкусни.

Ова се придобивките за нашето здравје ако редовно консумираме мандарини:

Го забрзуваат варењето

Кога консумирате мандарини, не треба да ги заборавите и белите „ленти“ кои го обвиткуваат овошјето од внатрешната страна на кората. Ако јадете многу јаглени хидрати и масти, тој дел од цитрусно овошје полн со диетални влакна ќе помогне да се забрза спорото варење.

Го чуваат срцето

Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Ја подмладуваат кожата

Богата со антиоксиданси кои го спречуваат ослободувањето на слободните радикали и оштетувањето на кожата, мандарината е одлично средство за нега на лицето.

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, па придонесува за намалување на брчките.

Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Антиоксидансите присутни во мандарините помагаат да се намали лошиот холестерол и да се промовира добриот холестерол. Исто така, мандарините содржат растителни влакна кои помагаат во чистење на артериите од лошиот холестерол, и го одржуваат нормалниот крвен притисок.

Го зајакнуваат имунитетот

Бидејќи мандарините се полни со витамин Ц, тие можат да обезбедат до 80 отсто од потребната дневна доза на овој витамин. Витаминот Ц во мандарините е клучен за превенција од настинки и е од витално значење за правилно функционирање на здравиот имунолошки систем.

Слични содржини