📸📽 Нова вулканска ерупција на Исланд

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Вулканот повторно еруптираше денеска во југозападниот дел на Исланд, по втор пат оваа година, објави телевизијата RUV и други локални медиуми.

Тоа е шеста ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.

Фотографијата објавена од исландскиот дневен весник Morgunbladid покажува светло портокалови растопени карпи кои се исфрлени од пукнатините во земјата.

Последната ерупција започна на 14 јануари и траеше два дена, а лавата стигна до предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители мораа да бидат евакуирани.

Слични содржини