Приштински медиум: Србија подготвувала атентат на Курти во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
605 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури „кои имаат корени од официјален Белград“, објави денеска РТК и додава дека има информации за обид за атентат врз Курти, пренесе „Данас“.

„Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата што ја одржавме на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбејл“, истакнал Курти.

Сигурни извори од безбедносните институции на Косово за РТК навеле дека веднаш по седницата на Советот за безбедност на ОН добиле информација дека Србија се обидува да го убие Курти во Скопје.

Додаваат дека оценките за опасноста по животот на Курти се сериозни, особено ако се има предвид дека доаѓаат од повеќе извори.

Курти во петокот вечерта престојуваше во Скопје, а денеска се врати на Косово.

Слични содржини