249
Три лица беа убиени во престрелка во бродска компанија во Глифада кај Атина, а сторителот се самоуби, јавува грчката телевизија ЕРТ.
Напаѓачот се самоубил во канцеларија на таа фирма. Тој утрово влегол во зградата и почнал да пука.
Според грчките медиуми, сторителот е 70-годишен маж, поранешен вработен во компанијата.
На местото на настанот се испратени најмалку три возила на брза помош.
Мотивите за нападот не се откриени.