Делчевец на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии од бившата девојка

од Nikola Popovski
237 прегледи

Поднесена кривична пријава против жител на Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно, стои во соопштението на МВР.

Слични содржини