Путин: Жалам што не ја нападнавме Украина порано

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Русија требаше порано да започне со активните акции во Украина, но долго време се обидуваше да го реши конфликтот по мирен пат и се потпираше на чесноста на своите противници, изјавил претседателот Владимир Путин во интервју за новинарот Павло Зарубин. Видеото од интервјуто е објавено на Телеграм каналот на Кремљ.

„Единствено за што можеме да жалиме е што не ги започнавме нашите активни акции порано, верувајќи дека имаме работа со пристојни луѓе“, рече Путин опишувајќи ја ситуацијата околу Украина, пишува руската државна прорежимска агенција ТАСС.

„Се покажа дека сме измамени“

Путин наведе дека Русија во првата фаза се обидела да го реши конфликтот во Донбас по мирен пат, односно со договорот од Минск.

„Подоцна се покажа дека сме измамени во врска со тоа, бидејќи и поранешната германска канцеларка и поранешниот француски претседател отворено признаа во јавноста дека никогаш не планирале да ги исполнат договорите.

„Наместо тоа, тие купуваа време за да му достават повеќе оружје на режимот во Киев, што е токму тоа што го направија“, смета Путин.

Слични содржини