Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари, во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип или 13,4 отско повеќе во споредба со претходната недела објави Институтот за јавно здравје
Од заразените 1139 се лица на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 – деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола – 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150.
“Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип кај лице на возраст од 65 години кое боледувало од кардиоваскуларни и белодобрни заболувања и кое не било вакцинирано со вакцина против грип“ се вели во извештајот на ИЗЈ
Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип.