Каевски: Наместо да го зголеми капацитетот за сликање, ДПМНЕ преку министерот го укина вадењето пасош без закажување

од Nikola Popovski
228 прегледи

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски смета дека наместо решение, ВМРО-ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.

-Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство касни со реализацијата. Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед. Погрешните одлуки, опструкциите на процесот и несоодветните чекори го блокираа и процесот на издавање пасоши, додава Каевски.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ, вели тој, преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување.

Според Каевски, драстично е намален бројот на граѓаните кои можат да се сликаат со што се пролонгира целиот процес со месеци.

Слични содржини