Денеска (21.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.
На средбата министерот Тошковски го запознал амбасадорот Гжелчик за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат.
-Министерот Тошковски го поздрави разбирањето на земјите членки на ЕУ кое го имаат во однос на техничката природа на прашањето за проблемот со патните исправи, изразувајќи волја за надминување на овој проблем. Во недостиг на заедничка одлука на земјите членки на ЕУ, останува секоја членка сама да решава за својот став по ова прашање. Во таа насока, амбасадорот Гжелчик го пренесе ставот на Варшава дека е ова техничко, а не политичко прашање и дека тие нема да бидат пречка македонските граѓани затекнати на полска територија-слободно да се движат, се додека тие граѓани не остварат влез во својата матична земја со стариот образец на патна исправа.
Воедно, амбасадорот Гжелчик стави акцент на досегашната соработка, особено за време на миграциската криза каде Полска со својата Гранична стража даваше поддршка на нашата јужна граница, а во моментов истото го прави преку ФРОНТЕКС, велат од МВР.
На крајот од средбата, министерот Тошковски изразил уверување дека соработката во рамки на веќе отпочнатите проекти меѓу двете земји ќе продолжи, но најавил и зголемување на обемот на соработката со Полска како наша долгогодишна пријателска земја.
-Во оваа прилика, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја изрази благодарноста во свое и во име на МВР за целокупната поддршка што Полска ја дава на нашата држава, како партнери преку Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, а која беше овозможена со потпишувањето на Договорот од страна на поранешниот министер Оливер Спасовски и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Воедно, Бојмацалиев ги истакна заложбите за периодот што следи во однос на организирање на слободни, фер и демократски избори по европски терк, соопштија од МВР.