Земјотрес од 3,8 степени регистриран во Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

По послабиот земјотрес утринава, во 07 часот и 3 минути бил регистриран нов земјотрес во Хрватска, на Пељешац, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Интензитетот во епицентарот бил проценет на V степен ЕМС.

Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран исто така на Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од магнитудата, бил IV-V степен ЕМС, соопшти сеизмолошката служба.

Слични содржини