Андреј Морозов, познат руски блогер и заговорник на војната во Украина, наводно извршил самоубиство откако предизвика бес со својата објава во која тврди дека руската армија изгубила 16.000 војници за време на заземањето на источниот украински град Авдијевка, пишува „Гардијан“.
Морозов, познат по псевдонимот Мурц на Телеграм, бил ултра-националистички блогер кој се борел со руските сепаратисти во источна Украина во 2014 година, а учествувал и во руската инвазија на Украина во 2022 година.
Во неделата, Морозов им напиша на своите 120.000 следбеници на Телеграм дека Русија изгубила 16.000 војници и 300 оклопни возила за време на месеците борби за Авдијевка.
Неговата објава предизвика остри критики од високи руски пропагандисти кои го обвинија дека „го клеветил руското министерство за одбрана“.
Во своите последни пораки во вторникот наутро, Морозов го најавил своето самоубиство и навел дека бил притиснат од неговите претпоставени да ја избрише објавата со детали за бројот на жртвите во Авдијивка.
Неколку луѓе блиски до Морозов ја потврдиле неговата смрт.