„Дојавувач“ на „Боинг“ пронајден мртов среде судски случај

Во 2019 година, Барнет изјави за Би-си-си дека вработените во „Боинг“ биле под притисок намерно да вградуваат субстандардни делови во авионите за да се справат со зголемената побарувачка.

од Бети Божиноска

Поранешен вработен во „Боинг“, познат по тоа што го облеодени скандалот со производствените стандарди на фирмата, бил пронајден мртов во САД викендов, кога требаше да даде докази во судскиот процес по тужбата против неговиот поранешен работодавец, објави Би-би-си.

Џон Барнет, 62-годишен поранешен менаџер за квалитет на „Боинг“, работел за компанијата за производство на авиони 32 години, до своето пензионирање во 2017 година. Локалниот судски вештак ја потврди смртта на Барнет, велејќи дека тој починал од самонанесена рана на 9 март. Полициската истрага е во тек.

Стандардите за производство на американскиот воздушно-вселенски гигант во САД и во светот неодамна се најдоа под лупа откако на еден од неговите авиони, 737 MAX-9, му експлодира вратата среде лет во јануари.

Во 2019 година, Барнет изјави за Би-си-си дека вработените во „Боинг“ биле под притисок намерно да вградуваат субстандардни делови во авионите за да се справат со зголемената побарувачка.

Во 2016 година, додека се уште бил менаџер за квалитет, тој открил проблеми и со системите за кислород: една четвртина од маските за дишењево авионите не се активирале правилно на тестовите со сценарија за итни случаи.

Непочитувањето на процедурите во фабриката довело до исчезнување на некои компоненти, а понекогаш несоодветни делови биле земани од корпите за отпад и имнсталирани во авионите на производната линија за да се спречат одложувања, тврдеше Барнет.

Според Барнет, неговите поплаки до раководството не довеле до преземање никакви мерки. „Боинг“ ги негираше тврдењата на Барнет, признавајќи дека некои од боците со кислород биле неисправни, но тврдеше дека ниедна од нив не била инсталирана во нивниот авион.

Инспекциите во 2017 година од страна на американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) покажаа дека 53 несоодветни делови биле избришани од евиденцијата на фабриката.

По пензионирањето во 2017 година, Барнет го тужеше својот поранешен работодавец во долготрајна правна постапка, обвинувајќи ја компанијата за оцрнување на неговиот карактер и попречување на неговата кариера поради проблемите кон кои тој го привлече вниманиете – наводи што „Боинг“ ги негираше.

Ревизијата на ФАА во „Боинг“ и во Spirit AeroSystems, поттикната од јануарскиот инцидент со вратата 737 MAX-9 и објавена минатиот понеделник, „идентификува проблеми со неусогласеност во контролата на производствениот процес, на ракувањето и складирањето делови и на контролата на производите во „Боинг“.

Во март 2019 година, Боинг 737 MAX-9 на „Етиопијан ерлајнс“ се урна веднаш по полетувањето, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Инцидентот се случи пет месеци по несреќата на „Лајон ер“ 737 MAX во Индонезија во која загинаа сите 189 луѓе во авионот. Трагедиите доведоа до 20-месечно приземјување на линијата 737 MAX на корпорацијата.

 

 

Слични содржини