📽 Борел објави потресно видео по повод двегодишнината од војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
470 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, по повод двегодишнината од војната во Украина, изјавил дека поддршката за земјата ќе продолжи.

„ЕУ стои на Украина од првиот ден и ние ќе продолжиме да го правиме тоа со еден клучен приоритет – ги повикувам земјите членки да обезбедат дополнителна воена поддршка“, напиша Борел на платформата Х.

Во пресрет на виртуелната средба на Г7 со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тој истакна дека групата од седум најразвиени земји во светот стои на страната на Украина и се залага за почитување на суверенитетот, независноста, меѓународното право, глобалната безбедност, слободата и мирот.

Тој во друга објава му се обрати на „херојскиот народ на Украина“ и му порача дека „ќе направиме се што е потребно за да победите во војната“.

„За вашата слобода, за нашата слобода. За нашата заедничка иднина. Слава на Украина!“, напиша Борел.

Слични содржини