Додека играше за Јувентус, Зинедин Зидан толку многу се заљуби во Италија што има голема желба еден ден да работи како тренер во Серија А.
Францускиот стручњак моментално е без ангажман, но речиси секојдневно е поврзуван со некои од европските гиганти, па дури и со репрезентации, а не прифатил ниту една од тие понуди.
„Во моментов немам работа, но би било убаво да работам во Италија. Тоа би било одлично, бидејќи ми се допаѓа како се сака фудбалот во оваа земја“, изјави Зидан.
Добитникот на Златната топка за најдобар играч на светот во текот на својата кариера соработуваше со двајца врвни италијански стручњаци Марчело Липи и Карло Анчелоти и како што вели научил многу од двајцата.
„Липи беше првиот тренер кој веруваше во мене и јас сум му благодарен за тоа. Се што направив во кариерата го направив благодарение на него, а подоцна имав можност да работам и со Карло Анчелоти. И двајцата се врвни стручњаци од кои јас многу научив и се обидувам сето тоа да го применам во мојата самостојна работа“, изјави Зидан.
Зинедин Зидан како тренер работеше само во Шпанија, каде седна на клупата на Реал Мадрид, со кого освои две шампионски титули, три пати по ред беше европски првак, двапати го освои УЕФА клупското првенство и исто толку Суперкупот на Европа.