Продолжува трката за потписи: Ванковска и Јакимовски се поблиску до цензусот од 10 илјади

од Nikola Popovski
292 прегледи

Шести ден од собирањето потписи за претседателските кандидатури. Државната изборна комисија го направи пресекот во последното деноноќие, кој покажа дека веќе тројца кандидати ги собраа потребните потписи – Бујар Османи, Максим Димитриевски и Арбен Таравари.

Во однос на останатите кандидати, заклучно со 27 февруари 2024 година, 20 часот, уште двајца се се поблиску до целта од 10 илјади потписи. Кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска има собрано 7876 потписи, додека градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски досега има 6676 потписи.

Граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ, која доби поддршка од Бошњачкиот демократски сојуз, има поддршка од 887 граѓани, а независниот кандидат и доктор Вело Марковски досега собра 924 потписи.

Некои од кандидатите пак, засега се без ниту еден собран потпис.

Викендов прво официјална номинација, па потоа и шефот на државата, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, освен потписите од 30 пратеници, ќе бараат и граѓанска поддршка.

Потписи ќе се собираат до 8-ми март. Од денеска почнува јавниот увид во избирачкиот список и трае до 18-ти март.

Слични содржини