СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат, ДПМНЕ се исплашени од неговата кандидатура

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

ДПМНЕ се исплашени од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата затоа што знаат дека Пендаровски е победнички кандидат кој ја ужива довербата меѓу граѓаните и е фаворит на изборите. Бидејќи ДПМНЕ нама што да каже за нивната понуда пред граѓаните, немаат идеја ниту план, фокусирани се на малограѓанско политиканство, соопштуваат од СДСМ.

„Угледот и кредибилитетот на претседателот Пендаровски се преголем залак за уличниот жаргон и празните плукачки флоскули кои излегуваат од Белата палата на ДПМНЕ. Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата“, наведуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека во досегашниот мандат Пендаровски го вратил угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажал што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

„Тоа е профилот на кандидатот кој ѝ е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата“, порачуваат од СДСМ.

Слични содржини