ДУИ: ДПМНЕ и Силјановска најавија „вмровски камшици“ за сите кои не размислуваат како нив

од Nikola Popovski
465 прегледи

ДУИ најостро ја осудува денешната најава на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска за камшикување на гласачите и избирачите во нашата земја, се вели во реакцијата на владеачката партија.

-Уште пред да бидат дел од листата на кандидати за Претседател, ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска во излив на жална искреност најавија “вмровски камшици” за сите кои што не размислуваат како нив. Албанец премиер е реалност, а реалност ќе биде и изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтерово мнозинство. 2/3 мнозинство обезбедува општествен, надпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието, порачаа од ДУИ.

Според партијата, додека Бадинтеровото мнозинство обезбедува и етнички консензус за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии, „ВМРО- ДПМНЕ и губитничката, Гордана Силјановска и денес не се оградија од Русија и не се построија кон Европа“.

-Затоа, граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најстабилната партија при што ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион, стои во партиското соопштение на ДУИ.

Слични содржини