Гаши очекува здружената албанска опозиција да освои пет пратеници повеќе од ДУИ

од Nikola Popovski
251 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши очекува здружената албанска опозиција да освои пет пратеници повеќе од моментално владеачката ДУИ. Тој смета дека трите партии БЕСА, Алтернатива и Демократско движење ќе издвојуваат сигурна победа.

Според него, доколку ДУИ дадеше поддршка за лидерот на АА, Арбен Таравари, тој со сигурност ќе влезел во вториот круг на престојните претседателски избори.

-Бевме на средба со премиерот на Косово, Албин Курти, излеговме потоа со заедничка изјава, целта беше да се излезе со кандидат за претседател Албанец. Се направи повик и кон ДУИ да се поддржи тој кандидат. Доколку ги анализирате анкетите ќе видите дека моменталниот рејтинг на СДСМ кажува дека Таравари имаше шанса да влезе во втор круг, доколку беше поддржан и од ДУИ. 99% сум сигурен во тоа, не велам дека и сега немаме шанси, но во тој случај со оглед на рејтингот на СДСМ тоа ќе беше реалност, изјавил Гаши во емисијата „Клик плус“.

Тој во гостувањето на емисијата додал дека за времето на владеењето на екс-премиерот, Никола Груевски, „Албанците го преживеаја најтешкиот период“.

-ДУИ и СДСМ правеа калкулации за негово враќање со цел ослабнување на ВМРО ДПМНЕ, смета лидерот на Алтернатива.

Слични содржини