Реал Мадрид победи во Лајпциг со 1:0 и утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА го чека во добра атмосфера, особено што ремито во Валенсија и се што следеше не ја загрози нивната предност во Примера Ла Лига, со оглед на тоа што Жирона и Барселона не забележаа победи.
„Утре мораме да бидеме најдобрата верзија од себе ако сакаме да се пласираме во четвртфиналето. Двомечот го имаше само првото полувреме и сè уште не е завршено. Изгледавме прилично добро во досегашниот дел од сезоната, но последната четвртина е пред нас и има уште многу да се оди. Мојот тим постојано учи, постојано се докажува, што е многу тешко во Реал. Се подобривме од првиот натпревар од оваа УЕФА Лига на шампиони, мислам дека сме подготвени, но се се докажува на теренот. Лајпциг е многу опасен тим во транзиција и мораме да бидеме многу внимателни“, истакна на прес-конференцијата тренерот на Реал, Карло Анчелоти.