Тасевска: Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското ВМРО

од Nikola Popovski
261 прегледи

Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато, изјави на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ. Додаде дека се гледаат и нејзини фотографии со, како што велат, негаторот на македонскиот јазик, идентитет и култура, европратеникот Андреј Ковачев.

-Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ, истакна пратеничката. Според неа, граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.

Со реакција се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски порача дека „СДСM во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”.

-И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Силјановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев, рече Стоилковски. Според најголемата опозициска партија, фотографијата на професорката со бугарскиот европратеник е од 2019 година.

Силјановска Давкова заедно со делегација на ВМРО-ДПМНЕ е на конгресот на ЕПП во Букурешт.

Слични содржини