Вечер завршува рокот за потписи, осум кандидати се уште во процес на собирање

од Nikola Popovski
207 прегледи

Вечерва на полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателски кандидати. Извесно е дека на гласачкото ливче ќе има 7 кандидати, кои ги собраа потребните 10 илјади потписи. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, застанаа и по 30 пратеници.

Во трката за фотељата на вила „Водно“ на 24-ти април се и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски од „Знам“, Билјана Ванковска како кандидат на „Левица“ и претседателот на „Гром“ Стевчо Јакимовски.

Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.

Листите со кандидати за претседател на државата до Државната изборна комисија треба да се достават најдоцна до 19-ти март на полноќ. Комисијата по службена должност ќе прибере податоци за исполнување на условите за кандидатите.

Покрај за кандидати за шеф на државата, во ДИК се собираат потписи и за независни листи за пратеници во парламентот.

Слични содржини